Македонската мода од минатото – изложба на староградска облека од 19 и 20 век

По повод Меѓународниот ден на жената, 8-ми март, Скопје Сити Мол во соработка со Ансамбл Македонија, организира изложба на староградски модни изгледи на жената во Македонија насловена како „Македонската мода од минатото“.

На неа се претставени експонатите од Ансамбл Македонија кои покриваат староградски модни изгледи во период од 19-ти и 20-ти век на жената во Македонија. На изложбата се претставени 18 експонати кои ја отсликуваат Македонската жена низ фолклорот.

Изложбата е во тек, а ќе трае до 9-ти март на приземјето на трговскиот центар, кое е адаптирано како музејска галерија.