Култниот „Winamp“ се враќа со нова верзија во 2019 година

Една од апликации кои ги дефинираа 90-ите од аспект на слушање музика, „Winamp“, повторно се враќа кај пошироката јавност.

„Следната година ќе имаме комплетно нова верзија на Winamp, но со поинакво искуство за слушателите. Ќе можете слушате MP3-ки што ги имате дома, но исто така преку ‘клауд-систем’, преку подкасти, ќе може да се стримате радио станици или креирате плејлисти“, најавува Александре Сабуџијан, извршен директор на компанијата „Radionomy“, која во 2014 го купи Winamp.

Приказната за „Winamp“ започна во 1997 година преку софтверската куќа „Nullsoft“. Плеерот беше изработен од Џастин Френкел на Универзитетот во Јута. Сè поврзано со „Winamp“ е олицетворени на 90-ите. „Nullsoft“ беше саркастична гранџ-игра на „Мајкрософт“, а логото на „Winamp“доаѓа од декларацијата на музичарот Весли Вилис дека: „Winamp really whips the llama’s ass!“.

Креаторот Френкел (трет од лево) во 1999 година

Програмата заработи пари на волонтерска основа, односно по 10 долари од корисниците по неговото отворање, на што инсистираа родителите на Френкел.

Во тоа време, „Winamp“ понуди повеќе на своите слушатели од конкурентите. Имаше подесувач за звук, можност лесно да се креираат плејлисти, психоделични визуелизации синхронизирани со музиката итн.

За една и пол година, програмата имаше 15 милиони симнувања.