Критична маса #67: Во Скопје можеш…

Под мотото „Во Скопје можеш“, во среда во 17:30 ќе се вози 67 по ред Критична маса. Рутата почнува од Плоштад Македонија.

Целта на оваа критична маса е освестување на жителите на градот за можноста за употреба на други видови превоз освен возењето сам во автомобилот. Опции се одењето пеш, со велосипед, со автобус, но и делењето места во автомобилот за повеќе лица да се возат одеднаш.

„Во Скопје има и други опции освен сам во кола. Во Скопје и сега можеш пеш, на точак, со јавен превоз, со споделен превоз со кола, треба само желба. Во Скопје треба тие начини да се унапредуваат (автомобилот да се депривилегира) и да станат прв избор на граѓаните!“