Коронакриза во културата – аматерските театри дупло попогодени од професионалните

Бројот на прикажани претстави во аматерските театри за периодот 2019/2020 е намален дури 85.1 % во споредба со 2018/2019. Во рок од само една година, вкупниот број на посетители на аматерски театри се намалил за 86.5 %.

Пандемијата предизвика сериозни загуби за културните институции во однос на публиката и изведбите, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.

Во периодот 2019/2020 година, вкупниот број на прикажани претстави во професионалните театри е намален за 40.6 %, исто така и бројот на посетителите е намален за 39.4 % во однос на периодот 2018/2019 година. Просечниот број на посетителите на една претстава изнесува 221.

Кај професионалните театри за деца и млади, пак, бројот на прикажаните претстави намален за 40.3 %, а бројот на посетителите е намален за 36.7 %.

Во истиот период, бројот на концертите во Филхармонија се зголемил, но бројот на посетителите се намалил.

Кај професионалниот ансамбл на народни игри и песни, во периодот 2019/2020 година, во споредба со 2018/2019
година, е забележано намалување на бројот на самостојните приредби (концерти) и бројот на посетителите, стои во извештајот на ДЗС.