Конверс пушти во продажба патики со вграден „вах“ педал

Конверс ја пушти во продажба конечната верзија на новите Чак Тејлор „старки“ со специјална алатка вградена само за гитаристи.

Наречени All Wah, новите „старки“ имаат вграден „вах“ педал. Прототип на патиките прв пат се појави во 2013 година, а ова е прва комерцијална серија која е пуштена во продажба.

Патиките се дизајнирани и развиени од Cute Circuit, а за нив се користи микросензор технологија со кој преку блутут патиките „комуницираат“ со вклучената вах кутија. Работи со појачало, а може да се поврзе и со Епл компјутер или Ајфон.

Извор: Guitar Player