„Колку е голема Вселената“ – предавање на Скопско астрономско друштво

Предавање насловено „Колку е голема Вселената“ во организација на Скопско астрономско друштво ќе се одржи на 27 ноември, понеделник на Факултетот за елетротехника и информациски технологии (ФЕИТ).

Со почеток од 19 часот, организаторите најавуваат разговори за Вселената, колку е таа бескрајна и кои се начините со кои се мери нејзината големина.

„Сигурни сме дека барем еднаш во животот сте се запрашале колку е голема Вселената. Одговор кој го имате слушнато повеќе пати е истиот – таа е бескрајна. Но, што всушност значи тоа? Дали и како може да се измери нешто што е бескрајно?“, велат од Скопско астрономско друштво.

Организаторите посочуваат дека билетите по цена од 100 денари ќе можат да се купат пред почетокот на предавањето, а со приложување на свој индекс, студентите ќе можат да ги купат билетите за 50 денари.