Дискусија за Светскиот ден на водите – „Водата. Човекот. Државата.“

На Светскиот ден на водите, 22 март, е најавена дискусија за млади со наслов „Водата. Човекот. Државата.” Настанот почнува во 18 часот, на ЗУМ.

„Време е за првиот светски план за закрепнување воден од младите! Со особено задоволство го најавуваме Давос Лаб – Дијалогот произлезен од светската мрежа на Глобал Шејперс заедницата – иницијатива на Светскиот економски форум! Давос Лаб е првиот светски план за закрепнување предводен од млади од целиот свет како одговор и решение на светските проблеми. И вие можете да бидете дел и да придонесете кон креирање на нови идеи!“, стои во повикот.

Повикот е наменет за сите млади личност до 35 години. Линк за регистрација – ТУКА.