Онлајн дискусија по повод Светскиот ден на водите

На Светскиот ден на водите, 22 март, „Давос лаб“ организира онлајн дискусија за млади со наслов „Водата. Човекот. Државата.“

На дискусијата ќе се зборува за состојбата со водите како и за новата генерација на влијание и етика, а онлај настанот ќе го модерира Мирослав Драганов.

„Овој настан е дел од „Давос Лаб“ – Дијалозите кој e првиот светски план за закрепнување предводен од млади од целиот свет како одговор и решение на светските проблеми. И вие можете да бидете дел и да придонесете кон креирање на нови идеи“, велат организаторите.

На онлајн дискусијата со свое обраќање ќе учествуваат Елена Ташева – младински едукатор и проектен координатор во „Next Generation“, Евгенија Kрстевска – адвокатка за заштита на животната средина,  Марија Ангеловска – менаџер за корпоративна одговорност и одржлив развој во Nordic Entertainment Group и
Сања Манчева – основач на „Ко-креатори“ социјално претпријатие кое им помага на маргинализираните групи.

Сите заинтересирани можат да се регистрираат тука.