„Клинци“ – серијал книжевни читања во скопската Europe House

Младите поети Ангела Бошкоска, Стефан Спасовски, Ива Петреска и Христијан Мурџески на 13 декември ќе се претстават со свои стихови во рамки на првото издание од серијалот книжевни читања за млади, наречено „Клинци“.

Организатор на поетските читања е „Култура бета“, а првото читање кое ќе започне во 20 часот во скопската Europe House, ќе биде проследено и со изложба на младата уметница Тамара Блажевска.

„Некои ќе речат, а можеби и ќе викнат, гордо ќе кажат ‘Ништо не прават децава денес’. Инспирирани, испровоцирани, поттикнати од таквите мудри изреки, почнуваме со еден нов концепт на книжевни читања наречен „Клинци“. Секое издание ве запознаваме со четворица млади автори кои штотуку влегуваат во книжевната сцена, ве запознаваме со нивната поезија и проза, а секое издание ќе биде дополнето и со изложба“, велат организаторите.

Модератор на настанот ќе биде Андреј Медиќ Лазаревски.