Кина испрати двајца астронаути во вселената

Вселенското летало „Шенжу-11“ со двајца кинески астронаути беше успешно лансирано. Кратко видео објавено на Твитер ги прикажува Јинг Хаипенг и Чен Донг внатре во вселенската лабораторија.

Според планот на мисијата, астронаутите треба да останат во вселенската станица 30 дена и да поминат вкупно 33 дена во вселената, што ја прави најдолгата мисија досега за Кина. Во 2013 година, мисијата на кинеските астронаути траеше 15 дена.

Кинеските власти тврдат дека вселенската програма е само за мирољубиви намери. Претседателот Кси Јинпинг рече дека напредокот на вселенската програма е приоритет за Кина.

„Шенжу-11“, чие име во превод значи „Божествено летало“, ќе понеси и три експерименти направени од средношколци од Хонг Конг одбрани во научен натпревар, а еден од нив значи дека во вселената се однесени свилени буби.

Кина работи на развивање на својата вселенска програма за воени, комерцијални и научни цели, но се уште се обидува да ги достигне САД и Русија.