Катар го забрани филмот The Danish Girl

Властите на Катар ги забранија проекциите на филмот The Danish Girl во кино салите низ земјата. Филмот ја раскажува приказната на трансполова личност која била меѓу првите кои направиле операција за промена на полот.

Филмот, во кој главната улога ја игра оскаровецот Eddie Redmayne, нема да се емитува во Катар поради „недостаток на морал“. Досега се прикажувал во кината во Доха, но од вчера сите проекции се откажани.

Redmayne го игра уметникот Einar Wegener, кој со помош на својата сопруга Gerda, која ја игра Alicia Vikander, се подготвува за операција на промена на полот.

Филмот, кој во Велика Британија е забранет за деца помлади од 15 години, има неколку сцени со голотија.

„Би сакале да ве информираме дека проекциите на филмот се забранети во кината“, напишале од Министерството за култура на Катар на Twitter.

На социјалните мрежи е покренат протест за забраната, но има и многумина кои сметаат дека потегот на катарското Министерство за култура е правилен.

Ова не е прв случај холивудски филм да биде забранет во Катар. Претходно беше забрането емитувањето на Exodus: Gods and Kings, The Wolf of Wall Street и Noah, а од продажба беше повлечена и книгата „Љубовта доаѓа подоцна“, приказна за современиот Катар и неговите традиционални вредности.

Извор: Daily Mail