Кафуле во Салцбург не служи вакцинирани гости

Австриските медиуми јавуваат за кафуле во местото Стробл на езерото Волфганг во покраината Салцбург, каде сопствениците служат само луѓе кои не се вакцинирани против коронавирусот, пренесува „Н1“.

На прашањето зошто вакцинираните не се добредојдени, сопственичката на мало кафуле што работи како дел од нејзината био-продавница не сакаше да одговори.

Односно, таа не само што не им одговорила на медиумите како австриската радио телевизија „ОРФ“ и другите дневни весници, туку покуси за објаснување останале и градоначалникот, општинските службеници и туристичките работници.

Австриските медиуми наведуваат дека вакцинацијата против коронавирусот предизвикала голем раздор во многу општества, па така и во Австрија, каде што поделбата на вакцинирани и невакцинирани и се почесто споменуваните привилегии за тие кои примиле вакцина придонесле за се поекстремни однесувања.