Јавен собир и дискусија за патните трошоци на пратениците

Неформална иницијатива за намалување на плати, патни трошоци и дневници на пратениците составена од група граѓани организира јавен собир на кој ќе се дискутира за темата.

Собирот е закажан за утре (19 март) во Социјалниот центар дуња со почеток во 18 часот.

Велат дека поттик за ваквиот собир се информациите за висината на платите, дневниците и патните трошоци на пратениците, но и како што велат „неколкумесечната манипулација на јавноста за менување на овие криминални практики во Собранието на РМ“.

„Собирот има за цел да ги утврди системските проблеми кои овозможуваат злоупотреба на народните пари и функцијата Пратеник за остварување лична, материјална/финансиска корист на носителите на оваа функција. Исто така се надеваме дека од дискусијата ќе произлезат и конкретни идеи и активности за надминување на овие состојби“, се вели во најавата за настанот.