Јапонија ја одобри првата таблета за абортус, децении подоцна од другите земји

Јапонското Министерство за здравство најавува одобрување на првата таблета за абортус во земјата, дури неколку децении подоцна од останатите земји каде ваквите пилули се одамна достапни, пренесува „CNN“.

Според портпаролот на министерството, станува збор за таблета за абортус изработена од страна на британската фармацевтска куќа „Линфарма“.

Министерството започнало со анализа на таблетата во јануари, по што следувала јавна анкета за мислењата на јавноста преку веб-портал. Сега се чека и Министерот за здравство да ја официјализира одлуката.

До денес, во Јапонија беа достапни две варијанти на хируршки абортус, а за едната од нив Светската здравствена организација (СЗО) истакна дека е болен и препорача да се замени со таблета за абортус.

Ваквата одлука доаѓа во време кога абортусот и репродуктивните права се во глобален фокус откако САД минатата година одлучи дека повеќе не постои федерално уставно право на абортус.

Оттогаш, земјите го забранија правото на абортусот, додека другите земји дозволија послободен пристап.

Јапонските активисти со години беа гласни за воведување на таблетите за абортус кои во Франција прв пат се воведени во 1988, додека во САД во 2000.

Мијон Сонг познат јапонски обстетичар и гинеколог, посочи на јапонските контроверзните закони кои за извршување на абортусот бараат согласност од партнерот – за кое тие сметаат дека отежнува жените да носат одлуки за своето тело.

Според сегашните закони на Јапонија, жените можат да направат абортус само ако бременоста „може значајно да го наруши физичкото здравје поради болести и економски причини“ или ако бременоста е настаната од силување.