„Изрази се, обели образ“ – младински перформанс во Струга

Со почеток од 11 часот, денес во Струга на кејот, пред споменикот на Револуцијата, ќе се одржи уличниот перформанс „Изрази се, обели образ“, на младинската група 3РА Аква.

Вклучувањето на жената некогаш и денес, е темата на перформансот подготвен од младинската група на ЗРА АКВА од Струга, со уметничкиот тим на ИНКА од Струга.

Двете здруженија се грантисти на Цивика Мобилитас и преку оваа соработка ги здружуваат капацитетите со цел да ги поттикнат младите за трансгенерацискиот јаз и поголемото учество на жената во општеството.

Со неколку досетливи скулптури и аудио запис, девојките низ овој перформанс ќе се обидат да влијаат на освестувањето на локалната јавност за големата улога која ја носи жената во општеството и потребата од нејзина подршка, афирмација и признание.