Изложба „Дали и ти си мигрант?“ во Прилеп

Изложбата е составена од пет портрети на локални прилепски уметници.

Портретирањето е колаж од лични фотографии, фотографии од случувањата во дадениот период, лични текстуални изјави, текстуални факти за случувањата во тој период, цртежи.

Започнувајќи од колажниот портрет на авторот на изложбата Дарко Талески со неговите најрани корени за бегањето од родното место на неговите предци во крајот на 19, почетокот на 20 век во Бугарија, преку портретот на ликовниот уметник Васко Костов кој ја пренесува личната приказна за неговото семејно заминување од Егејска Македонија после Втората Светска војна т.е за време на граѓанксата војна во Грција.

Следува портретот на Ферди Булут кој го портретира масовното заминување на Турското население од тогашна Југославија во Р. Турција во периодот на 50-тите години на минатиот век, за да се заврши со портретите на Јасмина Руневска и Лепа Милошеска кои ни ја доловуваат сликата на економските мигранти кон крајот на 20 век и почетокот на 21 век.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста од 1 до 5 јуни во Дом на културата „Марко Цепенков“ во Прилеп.