Изложба „4 Идеи / Ремикс“ на Иваноска, Жерновски, Јовановиќ и Чаловски

Во скопската галерија „Акантус“ во сабота (2 септември) од 20 часот ќе биде отворена изложбата „4 Идеи / Ремикс“.

Изложбата опфаќа избор на дела на четворица современи македонски автори Христина Иваноска, Велимир Жерновски, Ѓорѓе Јовановиќ и Јане Чаловски.

„Како што насочува и самиот наслов, четири генеологии на концептуално и визуелно обмислување и изразување се ставени во меѓусебен дијалог поставувајќи контекст за делата реализирани во рамки на проектот ‘Everything Matters Prototypes’ во реализација на Проектниот простор Прес ту егзит од Скопје“, стои во најавата за изложбата.

Групната изложба на четворицата уметници ќе биде поставена до 21 септември.