Интерактивен театарски онлајн експеримент „Хотел Агато“

Преку театарската вежба „Хотел Агато“ од арсеналот на активности на Аугусто Боал, вљубениците на театарот ќе може да се приклучат на интерактивен онлајн експеримент.

Во организација на Центарот за личен и креативен развој „Перцепио“, вежбата ќе се одржи во сабота, од 18 до 19 и 30 часот преку „Зум“ платформата. Сите заинтересирани за учество може да се пријават на мејлот info.percipio@gmail.com.

„Со вашето влучување вие се пријавувате да бидете дел од играта. Нема пасивни гледачи. Сите ја играме активноста заедно. Се работи за хотeл во кој што доаѓаат различни ликови и се среќаваат во хотелското лоби. Секој од вас е еден од ликовите а инструкциите ги добивате на почеток на играта. Еден од ликовите е убиец и во текот на играта треба да откриеме кој“, објаснуваат од „Перципио“.