#ИнстаИлустрации – Јована Димитриевска

Јована Димитриевска е стипендистка на академијата за графички дизајн при Семос. Таа отсекогаш цртала, имајќи можност да расте во семејство кое креира и прави како што вели таа, од ништо-нешто.

Уметноста ја привлекувала од мали нозе, па затоа и се одлучила техничката струка да ја замени со креативна.

„Инспирацијата ја влечам воглавно од сè што предизвикува некаква емоција во мене. Тоа може да биде книги, песни, филмови или пак од други артисти чиј стил ми се допаднал… Најмногу сакам на сè да вдахнам живот и приказна што вообичаено резултира во нови интересни карактери и фантастични сцени“, вели таа за Радио МОФ.

Димитриевска е уште една илустраторка која се приклучува на нашата иницијатива #ИнстаИлустрации. Во продолжение, погледнете дел од нејзините илустрации: