Илина Арсова ја доби наградата „Европска жена на годината“ за 2022 година

Еко-активистката, уметница и алпинистка Илина Арсова ја доби наградата „Европска жена на годината“ за 2022 година на Делегацијата на Европската Унија во Скопје, откако освои најмногу гласови на Фејсбук гласањето. Во нејзината видео порака која беше прикажана на настан во Даут пашин амам на 8 март, Арсова изјави дека нема сон што е недостижен, ниту цел која е невозможна.

„Им честитам и се воодушевувам на останатите жени кои учествуваа во изборот. Прекрасни сте! Да продолжиме да инспирираме, да покажеме што е солидарност и да го менуваме светот заедно“, напиша Арсова на Инстаграм.

За наградата исто така беа номинирани Маја Мојсова Мијовска, Дина Дума, Дита Старова Ќерими и Наталија Бургиева од амбасадорките Нивес Тигањ, Анке Холстајн, Кристин Форсгрен Бенгтсони, Моника Аксинте и амбасадорот Дејвид Гир.

Наградата „Европска жена на годината“ е комплементарна со наградата Европеец на годината, која исто така е воспоставена од Делегацијата на Европската Унија од 2019 година.