Новинарки на Радио МОФ ја добија наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија

Новинарките на Радио МОФ, Ивана Смилевска и Емилија Петреска се овогодишните добитнички на наградата „Жан Моне“ за најдобра новинарска сторија која ја доделува Делегацијата на Европската Унија во С. Македонија и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, за нивната сторија „Од Вива ла Дива до победа во Стразбур – колку државата е отворена за транс права“ поврзана со предизвиците на трансродовите лица.

Смилевска по врачувањето на наградата изјави дека е исклучително тешко да се слушаат сведоштвата на овие лица и проблемите со кои тие се соочуваат.

„Многу ми е мило што ја добиваме наградата во момент кога оваа година нашата земја направи мало помрднувнање во сферата на атмосферата за трансродвоите права и владата го утврди законот за менување на полот во матичната книга. Исто така ми е многу мило што се слуша младинскиот глас во јавната сфера и се надевам дека токму оваа платформа која ја дава наградата ќе ја потикне државата да не слушне уште повеќе и да го оствари тоа што трансродовите лица го бараат од неа“, изјави Смилевска.

На настанот беше доделена и награда за најдобра аматерска фотографија, која ја доби Виктор Поповски, додека наградата за најдобра репортерска фотографија припадна на фото-репортерката Арбнора Мемети.

Од Вива ла Дива до победа во Стразбур – колку државата е отворена за транс права