Хрватска е првата земја во светот која создаде слободна зона за читање преку мобилна апликација

Во Хрватска се отвора нова книжарница, која располага со над 100 000 врвни наслови од целиот свет, но за нивно користење не е потребна членска книшка, бидејќи таа е во дигитална верзија и е достапна во целата држава. Хрватска е првата држава во светот која се претвори во слободна зона за читање.

Граѓаните кои сакаат да прочитаат книга од оваа виртуелна книжарница, потребно е да ја инсталира бесплатнта мобилна апликација „Croatia Reads“ („Хрватска чита“), да се регистрираат и да се впуштат во читањето, каде било низ државата.

Овој проект првпат беше претставен во септември кога „Café Velvet“ стана првата слободна читачка зона во Хрватска. Тоа всушност беше првиот пилот проект од кој потоа се разви идејата тоа да прерасне на ниво на целата држава.

„Ова е целосна демократизација на пишаниот збор каква што досега не сме виделе“, изјави Мирела Рончевиќ, координаторка на проектот.

„Создадовме круг во кој сите имаме корист, а при тоа им подаривме знаење на луѓето без обзир на нивната локација и финансиска состојба. Спонзори целосно го поддржуваат проектот, кој е еднакво важен за културата, образованието и туризмот и помагаат насекаде да се шири знаењето. Издавачите, со нивните автори, се платени за прочитаното“, додаде таа.