Хомосексуалците во Швајцарија ќе може да даруваат крв

Од јули, хомосексуалците во Швајцарија кои немале секс во изминатите 12 месеци ќе може да даруваат крв. Со оваа одлука, властите ставаат крај на забраната која важеше 40 години.

Во моментов, сите мажи во Швајцарија, кои имале секс со друг маж уште од 1977 година им е забрането да даруваат крв, закон кој беше донесен со цел да се спречи ширењето на СИДА.

Но, медицинските групи сметаат дека алатките за превенција на ХИВ/СИДА ја прават забраната непотребна.

Според новиот закон, хомосексуалците ќе може да донираат крв ако дадат потврда дека биле во апстиненција изминатата година. Ова се уште е далеку од совршено, бидејќи голем број од нив се исклучени од оваа можност.

Вториот чекор ќе биде да им се даде пристап на луѓето врз основа на сексуалното однесување, наместо сексуалната ориентација.