„Frantic Amber“, „Riket“, „Porazium“ и „Saidon“ на 20 јануари во МКЦ

На 20 jaнуари „Frantic Amber“ и „Riket“ од Шведска, на својата Балканска турнеја ќе стапнат и во Младинскиот културен центар во Скопје.

Организаторите „Terrorvoid Promotions“ најавуваат дека со нив бина ќе делат „Porazium“ од Хрватска и нашата опака метал машинерија „Saidon“, кои воедно и ќе прават официјална промоција на нивниот нов албум кој е едноставно наречен „Saidon“.

„Со сигурност вечер на all out head banging and moshing во МКЦ“, стои во најавата на настанот кој е најавен од 19 часот.

Првите 100 карти со по 400 денари, потоа карта ќе биде 500 денари, а на денот на концертот после 17 часот – 600 денари.