Концерт на белградското рок и пост-панк трио „Репетитор“ утре во МКЦ

Алтернативното гаражно рок/пост-панк трио од Белград „Репетитор“ утре (29 октомври) ќе одржи концерт во Младинскиот културен центар (МКЦ) во Скопје.

„Со безброј турнеи и концерти зад нив, Репетитор настапувале во клубови и фестивалски сцени во над 20 европски земји, како и во Русија и Кина […] Со нивните први три студиски албуми ‘Све што видим је први пут’ (Одличан Хрчак, 2008) ‘Добродошли у океан’ (Moonlee Records, 2012) и ‘Где чеш’ (Moonlee Records, 2016) Репетитор ги освои топ листите и одлични критики, но својата репутација ја стекнаа пред се со фантастични енергични концертни изведби“, пишуваат од МКЦ во најавата за настанот.

Бендот ќе има целовечерен концерт, а истовремено на сцената во МКЦ ќе настапат и музичари од Македонија, како музичките групи „Pedro Horisonte“ и „Basement Cult“, но и диџејот Сезер Салихи

Билетите за концертот чинат 350 денари и се достапни на билетарницата на МКЦ или онлајн преку овој ЛИНК. На денот на концертот, билетот ќе изнесува 500 денари.