Акустичен концерт на Ману Чао во МКЦ

Францускиот изведувач со шпанско потекло Ману Чао се враќа во Скопје со акустичен соло концерт кој ќе се одржи на 26 септември во Младинскиот културен центар.

„Сега во акустична постава, заедно со гитаристот Лусијано Едуардо Фалико и перкусионистот Филип Тебул (Mano Negra, Radio Bemba), култниот уметник на бунтовната музика Ману Чао патува со најинтимните концерти во својата кариера, без ѕвездени статуси, без толпа од илјадници и по правило во мали концертни простори“, информираат денес од Таксират фестивал.

Билетите се достапни на овој линк, а организаторите известуваат дека првите 200 може да се набават по цена од 700 денари.

Ману Чао досега неколку пати има одржано концерти и настапи во земјава, а последниот концерт беше пред пандемијата во октомври 2019.