Концертна промоција на „A Disc Jockeys’s Crisis of Conscience” од Филип Букршлиев вечерва во МКЦ

Со почеток од 20 часот вечерва во Младинскиот културен центар (МКЦ) ќе се одржи концертна промоција на албумот „A Disc Jockeys’s Crisis of Conscience” од Филип Букршлиев, информираат од МКЦ.

„Публиката го запозна преку инди/метал/кросовер/џез-авантурите на неговиот состав ‘Fighting Windmills’. Последниве години Букршлиев редовно издава албуми и е дел од неколку извонредно талентирани џез-состави. За PMG Jazz има и соло гитарско издание минатата година. Триото е прва негова композиторска инкарнација во оваа форма, заедно со Андреа Мирческа на контрабас и тапанарот Славчо Коцев“, стои во најавата за настанот.

Настанот, како што велат, ќе биде организиран согласно протоколот за организирање настани во затворен простор. Билетите за концертната промоција се достапни на билетарница во МКЦ и online преку bileti.mkc.mk.

Албумот е достапен на следниов ЛИНК.