[Фото] Ориз со бубачка за ручек во студентскиот „Стив Наумов“

Наместо динстан ориз во металното чинивче, студент од студентскиот дом „Стив Наумов“ за ручек доби и гратис бубачка во јадењето.

Студентот кој е сместен во „Стив“, за Радио МОФ потврди дека бубачката ја нашол во денешното јадење во манзата на домот, по што ја сликал и поставил на една од отворените Фејсбук страници за студентскиот дом.

Ова не е прв случај студенти во македонските студентски домови да се „пофалат“ со бубачка во јадењето.

[ФОТО] Компири со лебарка за вечера во домот „Кузман Јосифовски – Питу“