Еден починат и пет новозаразени со Ковид-19

Министерството за здравство (МЗ) денеска информираше дека во изминатото деноноќие од Ковид-19 починало едно лице од Кичево на 39 години.

Во последните 24 часа, од МЗ исто така информираат дека се потврдени 5 нови случаи на Ковид-19, односно, 3 случаи се регистрирани во Скопје и по 1 случај е регистриран во Куманово и Тетово.

Регистрирани се 8 оздравени пациенти, односно од Скопје и Тетово – по 2 и по 1 од Кичево, Гевгелија, Валандово и Демир Хисар.

„Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.645, бројката на оздравени пациенти е 149.916, на починати е 5.478, а бројот на активни случаи изнесува 251“, стои во соопштението на МЗ.

Досега во земјава се направени вкупно 861.692 тестирања на Ковид-19, а во изминатото деноноќие се направени 2.466 тестови.