Џек Дорси се повлекува од функцијата извршен директор на Твитер

Еден од основачите на Твитер, Џек Дорси, се повлекува од функцијата извршен директор на компанијата, пренесува BBC.

Него ќе го замени досегашниот главен технички директор Параг Агравал, соопшти компанијата.

Дорси, кој беше ко-основач на Твитер во 2006 година, беше извршен директор и на Твитер и на платежната компанија Сквер.

„Конечно е време да заминам“, напиша тој во изјавата, велејќи дека компанијата е „подготвена да продолжи понатаму“.

Дорси рече дека има „длабока“ доверба во неговата замена.

„Длабоко сум благодарен за неговата вештина, срце и душа. Негово време е да води“, рече тој.

Агравал се приклучи на Твитер во 2011 година и е шеф на технологијата на компанијата од 2017 година.

„Многу се зборува за важноста на компанијата да биде „водена од основачите“. На крајот, верувам дека тоа е сериозно ограничувачко и единствена точка на неуспех“, напиша тој во приложената е-пошта што ја испрати до персоналот.

Тој додаде дека ќе го напушти одборот по истекот на неговиот мандат.

„Верувам дека е навистина важно да му се даде на Параг просторот што му треба да го води“.

Цената на акцијата во Твитер скокна како што се појавија гласини за заминувањето на Дорси, првпат објавени од CNBC. Но, до средината на попладневните часови акциите се тргуваа малку под нивната вредност од крајот на минатата недела.