Две дискусии на последниот „ОрцеTalks“ за оваа година

Со две дискусии за родителството и слободата на говор, на 3-ти мај во 18 часот ќе се одржи финалниот „ОрцеTalks“ за оваа година.

Настанот ќе се одржи во просториите на средното училиште „Орце Николов“ во Скопје, со истовремено одржување на двете дискусии во две различни простории.

Право да аплицираат на која било од овие две дискусии имаат сите средношколци и студенти, а своите апликации да ги достават најдоцна до понеделник, до 12 часот. Заинтересираните можат да аплицираат на следиов ЛИНК.