Дваесет компании добија средства за иновации

20 домашни микро, мали и средни претпријатија кои аплицираа на два јавни повици спроведени од страна на Фондот за иновации и технолошки развој ги потпишаа договорите за финансирање на своите иновативни проекти. За развој на иновациите се обезбедени 80 милиони денари, од кои 58 милиони денари од Владата, а останатите од Светска банка.

Стефан Митевски од компанијата „Систем оф Ентерпрајс“ порача дека мисијата на неговата компанија е таа да стане иновациски центар во осигурителната индустрија и дека овој тип на финансиска поддршка е значајна во процесот на креирање на нови производи.

Претставникот на иноваторите на ГЕТ велосипедот за компанијата „Венито Комерц“ посочи дека оваа иновативна идеја е пред сè на група студенти, потпомогнати од компанијата, а сега и од владата и Фондот за иновации, чијашто реализација во иднина ќе значи и дел од решавање на проблемот со загаденоста на воздухот во урбаните средини.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев пак истакна дека Владата и во иднина поизразено ќе вложува буџетски средства за развој на иновациите и порача дека соработката со Светска банка продолжува, а институциите ќе продолжат да работат како сервис и партнер на бизнисот.

На настанот се обрати и директорот на Фондот за иновации и технолошки развој, Јован Деспотовски кој истакна дека за прв пат Владата и Фондот стануваат инвеститори во развојот на компаниите, а со тоа и во развојот на економијата и најави дека во подготовка е повик за финансирање на проекти од третиот столб на Планот за економски раст за кој се издвоени 185 милиони денари.

 

 

 

 

 

 

Директорот на Светска банка за Македонија и Косово, Марко Мантованели во своето обраќање му честита на Фондот за иновации и технолошки развој за успешното завршување на четвртиот повик и на добитниците им посака успешно реализирање на проектите.

– Како претставник на Светска банка можам да кажам дека сме особено горди што ја поддржуваме Владата на Република Македонија во обидите да ги трансформира технолошките и иновативните потенцијали во вистински економски резултати – порача директорот на Светска банка во Македонија Марко Мантованели.

И претставници на компаниите потписнички на договорите во своите обраќања објаснија на кој начин оваа финансиска поддршка ќе им помогне во реализација и понатамошно развивање на нивните иновативни проекти.

 

Стефан Митевски од компанијата Систем оф Ентерпрајс порача дека мисијата на неговата компанија е таа да стане иновациски центар во осигурителната индустрија и дека овој тип на финансиска поддршка е значајна во процесот на креирање на нови производи, додека претставникот на иноваторите на ГЕТ велосипедот за компанијата Венито Комерц посочи дека оваа иновативна идеја е пред сè на група студенти, потпомогнати од компанијата, а сега и од владата и Фондот за иновации, чијашто реализација во иднина ќе значи и дел од решавање на проблемот со загаденоста на воздухот во урбаните средини.