Дождот го помести собирот за Универзална сала за 11 август

Иницијативата Солидарни за срцето на Скопје- Универзална сала информираше дека поради временските прилики и врнежливото време, хепенингот планиран за денес пред платото на Универзалната сала се поместува во вторник, 11 август, со почеток во 20 часот.

Претходно, иницијативата преку социјалните мрежи ги повика граѓаните на собир за Универзлна сала, со цел, како што рекоа, да не се дозволи да исчезна овој белег на Скопје.

Изминатиов период Универзална сала влезе во фокусот на јавност и се појавија разни реакции откако Градот Скопје објави конкурс за летна сцена со парк на местото на стариот претпознатлив објект. Од Град Скопје потоа потенцираа дека за Универзална остануваат три опции. Едната е да се урива и гради нов објект на истата локација. Втората е уривање на салата со дислокација и заштита на просторот со тековниот конкурс. Третата е реставрација на постојниот објект и израдба на повеќенаменска сала на друго место.

Градоначалникот Петре Шилегов најави и можен референдум доколку стручната јавност не најде решение за Универзална сала.