„Дипфејк или реалност“ – дискусија за млади на 21 февруари

Знаете ли што значи дипфејк? Како да препознаете лажни видеа, аудија и фотографии кои шират дезинформации на социјалните мрежи? Кои алатки да ги користите за да можете полесно да утврдите кои видеа, аудио содржини или фотографии се направени со помош на вештачка интелигенција, а кои се автентични?

Ова е се прашањата кои ќе се постават на дискусијата за млади „Дипфејк или реалност“, која е најавена за на 21 февруариво 18 часот во кафе и филм „Котур“.

Говорници, како што е најавено во Фејсбук настанот, ќе бидат Бојан Стојковски, главен уредник на порталот ИТ.мк, Иван Чорбев, професор од ФИНКИ и Мери Јордановска, заменик-главен уредник во Мета.мк.

На крајот од настанот, најавен е и дополнителен квиз со прашања за дипфејк, од она што ќе се зборува на дискусијата, а најавени се и награди.

Пријава за учество на настанот може да се пополни на овој ЛИНК.