[Видео] Јасно и Гласно: До каде сме со женските права?

„Дали ќе го преживеам ова возење со такси?“, „Дали ќе го преживеам овој месец?“, „Дали ќе го преживеам породувањето?“ се дел од прашањата што во последно време ѝ се актуелни на јавноста, а кои го предводат и слоганот на овогодинешниот осмомартовски Марш за женски права – „Ќе прежвеат ли жените овде“.

Во оваа епизода на „Јасно и гласно“ заедно со Ангела Јовановиќ, млада земјодека, Мерита Мустафи, параправничка во Асоцијација за Демократски Развој на Ромите – „Сонце“ од Тетово и Кристина Ампева, претседателка на здружението „Гласен текстилец“ од Штип, меѓудругото, разговараме за породилното отсуство на земјоделките, почитувањето на женските работнички права, како и можностите за образование на Ромките.

Ангела Бошкоска