„Дали сте заинтересирани да направите промена?“ – повик за учество на работилници за млади

Фондот за население на Обединетите нации –  УНФПА во партнерство со Младински образовен форум (МОФ), во рамки на регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“, отворија повик за млади на возраст од 15 до 30 години, за учество во работилници за млади од областа на младинско учество, инклузија, еднаквост и доверба.

„Веруваме дека младите имаат моќ да обликуваат посветла иднина, а овие работилници имаат за цел да ве поттикнат и опремат со потребните алатки и знаење за да создадете позитивни промени во вашите заедници. Работилниците ќе се спроведуваат во различни градови низ Северна Македонија во текот на месец јуни. Со учеството, ќе стекнете знаења и практични вештини за поттикнување на вклученоста, промовирање на еднаквост и градење доверба во вашите заедници“, велат од МОФ.

Работилниците ќе бидат спроведени во општините Велес, Гостивар, Охрид, Битола и Струга на:

    • 19 јуни во 12:30 часот – Младински Центар – Охрид – „Градиме мир без стереотипи, предрасуди и дискриминација“
    • 20 јуни во 11:00 часот – Младински центар – Гостивар – „Бура за култура: Работилница за интеркултурен дијалог
    • 21 јуни – Europe House – Битола – „Младите активирани во општеството“
    • 22 јуни – Europe House – Битола – „Битола без стереотипи, предрасуди и дискриминација“
    • 22 јуни во 11 часот – Младински центар – Гостивар – „Youth in motion: Работилница за младинско учество“
    • 23 јуни во 12:30 часот – American Corner – Струга – „GEN Z за поттикнување интеркултурен дијалог и препознавање на бариерите кои го спречуваат“
    • 24 јуни во 10 часот – Младински центар –  Велес – „Младинско учество како двигател на општеството“
    • 30 јуни во 17 часот – Младински центар – Велес – “Beyond Labels: Стереотипи, предрасуди и дискриминација + bullying” 

Како да аплицирате?

За да аплицирате за учество на која било од работилниците, потребно е да го пополните онлајн формуларот за апликација.

Краен рок за аплицирање: 18.06.2023

„Ве охрабруваме да аплицирате на повеќе работилници. Но, имајте предвид дека има ограничени слободни места за секоја работилница и затоа, не може да бидат избрани сите апликанти. Ве охрабруваме да аплицирате порано за да ги зголемите шансите да обезбедите местo“, стои во повикот.

Повеќе детали може да најдете на следниов ЛИНК.