Кратко-метражните филмови на омилениот професор по филозофија и режисер, Стефан Сидовски – Сидо, вечерва ќе се прикажуваат во рамки на Филозофскиот филмски фестивал, по што следува дискусија со него.
Меѓу филмовите што ќе се прикажуваат се: Контејнер (2008). Полуден Револуционер (2015), Raison d’etre (2006), Средба (2014), Големиот оратор (2007), C’est la Vie (2016).
Проекцијата на филмовите ќе започне во 20 часот, во Кинотека на Македонија.
Сидо беше професор во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ 36 години, а во моментов е вонреден професор по историја на филм и теорија на филм во ЕСРА. Тој е режисер и глумец во своите аматерски филмови, а има и еден краткометражен професионален филм.
Сидовски е познат како омилен и инспиративен професор, кој будеше филозофска и прогресивна мисла кај бројни генерации ученици.