Брутална сеча на дрвја кај црквата „Света Недела” во Штип – Општината најави пријава против непознат сторител

Брутална сеча на дрвја е откриена вчера во населбата Дуизлак во близина на црквата „Света Недела” во Штип. Од Општината соопштија дека екипа од инспектори, радари и шумска полиција извршила увид на терен.

„Ќе поднесеме соодветна пријава против непознат сторител, а случајот веќе е пријавен во полиција“, велат од Општина Штип.

Ова е втор инцидент за краток период. Претходно биле скршени канделабрите.

„Вакво вандалски однесување е за секаква осуда и за сторителите нема да има милост“, велат од Општина Штип.

Оттаму апелираат до сите граѓани, доколку некој забележал или ги видел сторителите да ги пријават.