„Бруталиск“ одбележува прв роденден со забава со Дарко Јорданов

Дарко Јорданов ќе има диџеј сет на забавата на 14 декември (четврток) од 21 часот, кога ќе се одбележува првиот роденден на „Бруталиск“.

„За една година организиравме преку 300 настани – изложби, промоции, работилници, музички и стенд-ап настапи, а на крајот на годинава ги продуциравме и првите подкасти. Создадовме место за целото семејство, ќоше во Скопје каде може да се дојде на кафе, да се набави сувенир или парче облека инспирирана од скопскиот брутализам, да се танцува, разгледа изложба, или пак да се помине време со добро друштво. Создадовме семејство од 10 колеги и ги отворивме вратите за повеќе од 200 уметници со кои соработувавме минатата година“, соопштуваат од „Бруталиск“.

Од таму велат дека пред една година го замислиле „Бруталиск“ како радио, продавница и бар, но за само неколку месеци се претвори во културен центар каде повеќето посетители доаѓаат заради програмата која ја нудиме.

„Овој роденден го славиме со отворена покана до сите наши редовни гости, клиенти и соработници за забава со диџеј сет на нашиот стар пријател Дарко Јорданов“, стои во најавата за настанот.