Социјалниот центар „Дуња“ во сабота слави пет години постоење

Социјалниот центар „Дуња“ на 30 октомври, во сабота ќе прослави пет години постоење со програма од 14 до 20 часот вечерта.

Оттаму најавуваат дискусија насловена „Историјат и значење на социјалните центри“ која ќе започне во 14 часот, потоа следува заедничко готвење во 16 часот, по што следува квиз во 18 часот, а настанот завршува со ди-џеј Могли во 20 часот.

„Одржувајќи ги вредностите на солидарност и заедничарење, во исто време борбеноста и непокорувањето на неолиберализмот, со задоволство ве известуваме дека С.Ц. Дуња стигна до петтата година од своето формирање“, велат тие.

Инаку преку целиот ден во „Дуња“ ќе има размена на книги и изложба на фотографии.