„Born 2 Run” – две трки за соживот во Куманово

Денеска (11 октомври) во Куманово ќе се трча за соживот и доверба, во 14 часот здружението Центар за интеркултурен дијалог ги организира трките „Born 2 Run” на 3 и 10 километри.

Трките се дел од проектот „Run 4 Inclusion“ чија цел е да се сплотат етнички поделените заедници во градот и преку спортски настани да се промовира дух на соживот и меѓусебна доверба.

Стартната позиција и крајна цел ќе биде плоштадот „Нова Југославија” во Куманово. Настанот ќе започне со регистрација во 12 часот. Трките се организираат трет пат по ред, а лани учествуваа над 200 учесници на возраст помеѓу 15 и 35 години.

Учеството на трките е бесплатно, а се прават волонтерски со помош на локални и меѓународни волонтери.