Бесплатни здравствени прегледи за млади од самохрани и еднородителски семејства

Здружението на Лекари специјализанти во соработка со организацијата Млади од семејна разновидност распишаа повик за бесплатни превентивни прегледи,  наменети за 15 млади лица од 15-30 години од самохрани и еднородителски семејства.

Во рамките на проектот „И ти си важен!“, прегледите ќе се изведуваат во Скопје, од страна на лиценциран лекар.

Прегледите ќе вклучуваат анамнеза, физикален статус, аускултација на срце и бели дробови, пулс оксиметрија, мерење на крвен притисок, мерење на шеќер во крв и ЕКГ на срце, а организаторите посочуваат дека на младите лица ќе им биде пружано и здравствено советување доколку е потребно.

Тие посочуваат дека пријавените млади за својот термин ќе бидат известени преку електронска пошта.