Од организацијата „Млади од семејна разновидност“ упатија остра реакција за говорот на Владиката Петар

Од „Млади од семејна разновидност“ – младинска организација за унапредување на правата на деца и млади од семејна разновидност, упатија остра реакција по повод говорот на Владиката Петар.

Оттаму посочуваат дека наместо Владиката да  шири мир и љубов за време на еден од најголемите христијански празници, се служи со провокативни тактики за разорување и навредување.

„Ниту еден родител не избира од задоволство дали ќе постане самохрано или еднородителско семејство. Фактот дека свештено лице се изразува на овој начин е доказ за перцепцијата и понижувачкиот однос кон секоја самохрана мајка и еднородителско семејство. Чија вина е ако жена станала самохрана мајка“, се вели во реакцијата.

Од „Млади од семејна разновидност“  повикуваат луѓето да се запрашаат чија вина е семејното насилство и колку е тоа често една од поминатите препреки за  самохраните/еднородителските семејства.

„Веруваме дека знаете дека и децата се жртви на овој вид на насилство? Дали некогаш сте се запрашале како се чувствуваат овие деца и млади кога ќе слушнат ваков вид на изјави? Со години алармираме за систематскиот (законски) однос кон статусот на самохрани и еднородителски семејства и за сензитивноста во обраќањето со и кон нашата целна група/ Дали некогаш вакви луѓе излегоа со поддршла за нас? Дали се запрашале како еден самохран родител го поминува месецот“, продолжува реакцијата.

Од младинската огранизацијата велат дека се обраќаат до сите надлежни институции, Цркви и Џамии, политички партии, Влада и Министерства, мајки и татковци, поединци и компании, невладини организации, кога велат дека тие се оние кои треба да ја дадат поддршката преку носење нови закони, политики, јавни говори.

„Младите луѓе се одгледуваат на постарите.Бидете ни пример за тоа како да го направиме светот поубаво место за живеење. #НеСмеНефункционалниСемејства“, додаваат од организацијата.