Според нова студија, младите Европејци се критични и кон САД и кон Кина

Младите од Европа се критично настроени и кон САД и кон Кина, иако од различни причини покажува ново истражување.

Американската агенција за испитување на јавното мислење „Pew Research“ вели дека според нивното истражување младите од Велика Британија, Франција и Германија на возраст од 18-29 години имаат „многу малку позитивни ставови“ за светските суперсили.

Младите Европејци ги критикуваат САД поради самопрогласената функција на „светска полиција“, како и „катастрофалните воени интервенции во минатото на Средниот Исток“.

Истовремено, Кина е мета на критика поради експанзионизмот и прекршувањата на човековите права, а пофалби добила поради економската моќ.

Во студијата, младите од Европа нашироко ја критикувале кинеската репресија врз Ујгурите, а фокус групата која се состоела од млади од повеќе европски престолнини изразиле и песимизам за идните политички врски со Кина.

Младите кои своите формативни години ги поминале во време на Трамп, биле исклучиво критични и кон САД.

Америка била критикувана бидејќи е најголемата светска воена сила, а според испитаниците „земјата започнала комплетно нелегални војни, против мислењето на ОН, без никаков мандат“.

Советот за безбедност на Обединетите Нации не ја санкционираа американската инвазија во Ирак во 2003 година, што доведе до смрт на над половина милион луѓе.

Голем дел од интервјуираните не веруваат дека САД ги зема предвид интересите на сојузниците кога прави одлуки за странски политики.

„Мислам дека повеќе прават штета, отколку што помагаат“, напишал млад Британец.

Младинската фокус група исто така смета дека САД е хипокрит, особено кога се вмешува во човековите права во други земји, наместо да ги поправи правата на своите граѓани.

Во последните неколку години, анкетите на „Pew Research“ покажуваат дека сѐ повеќе луѓе од Европа не ја ги сметаат САД како позитивен пример кога станува збор за здравствен систем, климатски политики и човекови права.

Но, во споредба со Кина, фокус групата била „внимателно оптимистична“ за врските меѓу ЕУ и САД, верувајќи дека двете страни делат „фундаментални демократски вредности“.

Сепак младите испитаници делат еден здружен став: сакаат да сведочат како нивните земји одржуваат посилно, понезависно присуство на светот, без да се потпираат на САД.