Автобусите на ЈСП за велигденските празници ќе сообраќаат по неделен возен ред

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје (ЈСП) информира дека за време на велигденските празници, односно од утре, петок (3 мај) до понеделник (6 мај.), јавниот превоз ќе функционира по неделен возен ред.

Исклучок ќе бидат линиите 11, 11А, 18А, 32, 47А, 55, 56, 56А, 81, 118, 160 и 164 кои утре, петок (3 мај) ќе сообраќаат по саботен возен ред.

Утре и в недела од 7 до 14 часот дежурни ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров. Во сабота сите билетарници и центри за персонализација ќе функционираат вообичаено, а понеделник ќе биде неработен за сите билетарници.

Жичницата за време на празничните денови нема да работи единствено во понеделник, а другите денови ќе работи вообичаено, од 10 до 20 часот. Од ЈСП потсетуваат дека за време на викенди и државни празници користењето на линијата 25 (Транспортен центар – Средно Водно) е бесплатно за сите граѓани.