Реши проблем, предизвикај промена и освој награда – повик за учество во Regional Youth Peace Lab 2021

Во тек е повикот за учество на регионалното натпреварување Regional Youth Peace Lab 2021. Тој е отворен за млади од 18 до 30 години, од целиот Западен Балкан, кои сакаат да креираат решенија со кои директно ќе влијаат на својата иднина, а при тоа имаат шанса да освојат награди.

Учесниците ќе имаат можност да запознаат млади луѓе со слични размислувања, години, профил на интереси, да работат со тим на креирање нови идеи со кои може значајно да придонесе во изградба на мирот во регионот.

Покрај ова, ќе имаат можност да учат од 12 ментори од регионот, експерти за пишување и застапување на политики за градење мир кои ќе помогнат во развивање предлози за еден од трите предизвици:

    • Образование- квалитет и реформа на образованието во регионот за подобро да се одговори на предизвиците во 21 век,
    • Младинска мобилност – мобилноста на младите во регионот во поглед на студирање, патување, работа и учење,
    • Мирот и наследството од минатото – оптоварувачкото наследство од траумите кај постконфликтните генерации

Наградите вклучуваат Amazon Kindles и подарок ваучери од наградниот фонд од над 5000 американски долари.

Правила за натпреварот: Тимовите ќе имаат задача да ги подготват основните елементи на јавна политика со поддршка од ментор. Решенијата ќе бидат претставени пред јавноста во триминутна видео презентација. Најдобрите предлози ќе ги избере публиката со гласање за нивниот фаворит на платформата од натпреварот.

Покрај тоа, најдобрите политички предлози ќе бидат објавени во книгата „The WB6 Youth Policy Bookи во “The Guide to the Development of Innovative Public Policies”.

Натпреварувањето Regional Youth Peace Lab (RYPL) 2021 е организирано од Регионалната канцеларија за младинска соработка (RYCO), Фондот за градење мир на Обединетите нации (PBF), Програма за развој на Обединетите нации (UNDP) и Фонд на популација на Обединетите нации (UNFPA), во соработка со Фондацијата Мозаик, компанијата Beyond42 и агенцијата Машта.

Сите заинтересирани млади луѓе од регионот на  Западен Балкан можат да аплицираат до среда, 14 април 11:59 часот. Формуларот за пријавување и повеќе информации се достапни тука, за сите останати прашања на располагање е маилот  rypl@mozaik.ba.