Повик за учество на младинскиот форум „YouthSpeak“ на 21 и 22 мај

Младинската организација AIESEC го најавува новото издание на „YouthSpeak“ форумot – настан кој се организира во повеќе од 100 земји.

Годинава, форумот ќе се одржува виртуелно и ќе биде бесплатен, овозможувајќи им на сите млади во државата од секаде да присуствуваат на 21ви и 22ри мај.

„Целта на проектот е обезбедување платформа во која младината има можност да го искаже својот глас, да биде едуцирана за модерните проблеми глобално и локално, од истомислени компании и организации, кои се залагаат за општествен развиток и соодветно вклучување во дискурсот за нивно решавање, притоа обезбедувајќи посветла иднина за сите нас по пат на ангажирање на висококвалитетна младина која воедно ќе биде главниот двигател на општествените промени во иднината“, стои во најавата за форумот.

Пријавувањето за учество на форумот се одвива на следниот ЛИНК.

Тој исто така овозможува проширување на мрежата на контакти со влијателни претставници од приватниот и невладиниот сектор како и директен, позитивен импакт на општеството. Форумот е наменет за спојување на истомислени поединци и организации со цел активно ангажирање и креирање нови можности за младите во Северна Македонија.

AIESEC како организација е присутна во повеќе од 114 земји и работи на поттикнување лидерство кај младите од 1948 година. Досега над 1,000,000 млади луѓе поминале низ нивните активности.