Повик за финансирање на активности поврзани со влијанието од кризата со Ковид-19

Здружението за социјална и климатска правда Колектив Зет објави повик за сите организации/здрженија/иницијативи кои директно работат и дејствуваат со млади, млади од засегнати и маргинализирани заедници и пошироко.

Целта на овој повик, велат од здружението, е мобилизирање на граѓаните околу конкретни акции засновани на принципи и идеи за солидарност, а со тоа директно да се поддржат луѓе и заедници кои имаат најголема потреба од поддршка во ова време.

Предвидена е мала финансиска поддршка на активност/и поврзани со влијанието од кризата со Ковид-19 и праведно закрепнување од неа, со посебен акцент на колективно визионирање и методи на интерскеционалност.

„Испреплетените кризи секогаш повеќе ги погодуваат веќе засегнатите и/или маргинализирани заедници, кои се секогаш во првите борбени линии за поголема општествена и економска правда. Ние веруваме и се бориме за свет каде секој од нас е ослободен од стегите на патријахатот и капитализмот, и знаеме дека тоа може да го постигнеме само преку заедничко, колективно дејствување на база на солидарност и грижа за другиот“, стои во описот на повикот.

За аплицирање потребно е да се пополни формата која се наоѓа на овој ЛИНК. Дополнителните документи како прилог на оваа апликација (предлог буџет, наратив за  активност, пример од спроведени активности, портфолио на организација/иницијатива итн.) кои ќе ја поддржат пријавата, треба да се испратат на contact@kolektivz.mk.

Краен рок за аплицирање е 30.04.2021 (петок). Повеќе информации за повикот на следниот ЛИНК.