Бесплатен концерт на Мугер Фугер на платото пред МКЦ

Скопскиот алтернативен состав Мугер Фугер најави бесплатен концерт на платото пред МКЦ во четврток, 14 мај.

„Како и секогаш така и овој пат со многу ампови,гитари.ударни и други инструменти…и многу,многу ликови.
Подгответе се добро ќе биде пожестоко од било кога“, се вели во најавата за концертот.

Мугер Фугер неодамна го објави својот нов албум, „Продолжи да сонуваш“ кој е достапен за бесплатно преземање од веб-страницата на издавачката куќа ПМГ. Албумот, кој содржи десет песни, е снимен во соработка со редица познати македонски инструменталисти, вокалисти и текстописци.

Почетокот на концертот е најавен во 20:30 часот.