Австријците ќе добијат едногодишен бесплатен јавен превоз ако истетовираат „климатски билет“

Австрија нуди едногодишен бесплатен јавен превоз за жителите кои ќе направат „Klimaticket“ тетоважа, односно ќе го истетовираат името на државниот јавен превоз.

Министерката за клима, Леоноре Гевеселер, ја промовираше мерката на музички фестивал во Санкт Пелтен.

И самата министерка имала своја привремена тетоважа, иако рекламната кампања за јавниот превоз била искритикувана од функционери, но и генералната јавност на интернет.

Сите присутни на музичкиот фестивал биле поканети да истетовираат „климатски билет“, а за возврат да добијат едногодишен бесплатен превоз  низ целата држава.

Со тетоважата се добива бесплатно возење со било каков превоз на територијата на Австрија.

На присутните на фестивалот им било понудено да истетовираат и други дизајни поврзани со јавниот превоз, климатските промени и одржливоста, исто така бесплатно.